Многу сериозно го сфаќаме секое обвинение за малтретирање на мигрантите, изјави денеска портпаролот на Европската комисија по повод извештајот на невладината организација „Оксфам“ во кој се тврди дека мигрантите кои поминале по т.н. Балканска рута биле изложени на тортура.
Тој посочи дека ЕП се уште не го видел извештајот и оти ќе се произнесат за содржината во најкус можен рок.
Извештајот е составен од интервјуа со 140 мигранти, од кои поголемиот број тврдат дека биле тепани, ограбени, понижувани и лишувани од слобода во државите низ кои поминале. Тие, исто така тврдат дека голем број од прекршоците биле извршени од полицијата.
Во извештајот се апелира до властите во Македонија, Бугарија, Србија и Хрватска под итно да прекинат со кршење на човековите права, како и итно да се преземат мерки против прекршителите.
„Оксфам“ посочува дека очекува од Европска унија да обезбеди примена на меѓународното право.