ЛДП Битола: Бараме да се најде виновникот за лошата состојба на Битолскиот универзитет

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ ја уништи Битола на културен, економски и спортски план, а со последното рангирање на универзитетите во Македонија, се покажа дека власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ го уништува и Битолскиот универзитет, а со тоа продолжува да ја уништува и Битола.

Ние младите од ЛДП бараме од ректорската управа на Битолскиот универзитет да започне институционална борба, со цел да докажи дека последното рангирање е направено тенденциозно од страна на власта на ВМРО-ДПМНЕ, а на штета на битолскиот универзитет.

За нас е неприфатливо Битолскиот универзитет да биди зад Штипскиот, зад Тетовскиот, зад Охридскиот, па и зад некои приватни универзитети.

Либерално-демократската младина го повикува ректорот на Битолскиот универзитет да не се крие зад јалови соопштенија туку јавно да излези и да проговори за односот на власта на ВМРО-ДПМНЕ кон битолскиот универзитет.

Да каже кој е виновник за ваквата состојба, кој го осакати универзитетот со политиката на „Универзитет во секое село“, која политика го намали бројот на студенти за една третина и зошто битолскиот универзитет е на седмо место во Македонија.

Ги повикуваме подмладоците од сите политички партии, ги повикуваме сите професори и интелектуалци, сите декани и студенти да застанат јавно во одбрана на Битолскиот универзитет, затоа што Битола не смее повеќе да губи на никој план, а особено не смее да продолжи да пропаѓа на интелектуален а со оваа политика тоа и се случува а и ќе продолжи да се случува“ изјави Целе Јолевски претседател на младите битолски Либерал-демократи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

Поради сообраќајна несреќа сообраќајот од Битола кон границата со Грција се пренасочува преку селата Бистрица и Породин