Загружувачка појавата на пожари во Дебарско

Од:

Загрижувачка станува појавата на пожари, како на отворен простор така и на објекти, на територијата на Општина Дебар и околината.

Според Командирот Територијалната противпожарна единицата, Џетан Мифтароски, само во првите четири дена од овој месец регистрирани се десет пожари.

-Само синоќа единицата имаше две интервенции и двете во центарот на градот. Едната, е техничка интервенција, опожарен кабел на телеком, додека другата опожарена кровна конструкција на индивидуален станбен објект. Благодарение на брзата интервенција и максималното залагње на пожарникарите и помошта на граѓани спречено е проширување на пламените јазици на блиските објекти, вели Мифтароски.

Во гаснењето на пожарот на објектот било интервенирано со 5 возила и 12 пожарникари на кои им помагале и 10 граѓани.

На втори април, посочува Мифтароски, регистрирани се четири интервенции од нив една на запален оџак на куќа, додека три на отворен простор, од кои со најголеми размери бил во атарот на селото Броштица, општина Центар Жупа.

– Во атарот на селото Броштица, во месноста „Шабанови ливади“ опожарени беа 25 хектари сува трева, стрништа и ниско стеблеста шума. Освен ТППЕ, учествуваа и вработените на Подружницата „Стогово“ на ЈП „Македонски шуми“, а голема помош во гаснењето дадоа и жители од селото. Речиси идентична ситуација имавме и во атарот на селото Татар Елевци, објаснува командирот чии пожарникари интервенираат во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше.

Според Мифтароски од почетокот на годинава евидентирани се 46 интервенции, од нив над 30 насто на отворен простор. Лани за цела календарска година имале 88 интервенции.

Поради зачестените пожари и од ТППЕ и од Регионалниот Центар за управување со кризи, апелираат до сите граѓани, земјоделци и сопственици на шуми да бидат многу внимателни при престојот во природа или чистење на стрништа на нивните земјодеслки површини.

Би можело да ве интересира

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Маж им се заканувал на вработените во Општата болница во Дебар

Невреме со силен ветер, дожд, град и електрични празнења попладнево во Дебарско

Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско – струшки регион