Цените на угостителските услуги во март се зголемени за 0,1 процент во однос на февруари, објави денеска Државниот завод за статистика.
Гледано по групи зголемување има кај храната за 0,2 проценти и кај безалкохолните пијалоци за 0,1 процент, додека кај алкохолните пијалоци има намалување за 0,4 проценти.
Во споредба со март минатата година, цените на угостителските услуги се зголемени за 0,3 проценти.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-март во однос на истиот период лани е зголемен за 0,3 проценти, додека во однос на декември 2016 година е намален за 0,1 процент.