Седма ротација на словачки полицијаци во Македонија

Од:

Во Македонија денеска ќе пристигне седмата ротација од 25 припадници на полицијата од Република Словачка кои заедно со македонската полиција ќе спроведуваат патролни активности на македонско-грчката граница со цел превенција во областа на јавната безбедност и неовластено преминување на државната граница.

Словачката полициска единица ќе биде распоредена во областа на Дојранското Езеро, а е соодветно опремена со теренски возила, термални камери и уреди за ноќно гледање.

Мандатот на словачката полициска мисија ќе биде 30 дена со можност за продолжување.

Врз основа на потпишаниот Меморандум за разбирање меѓу министерствата за внатрешни работи на Македонија и на Словачка, досега во земјава се испратени 175 полициски службеници од Словачка почнувајќи од март 2016 година.

Би можело да ве интересира

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Пламна пожар на границата меѓу Србија и Хрватска – гореше шума и ниската вегетација

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Застој на „Евзони“ за влез во Македонија – се чека и по 4 часа на 36 степени

А1он

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он