Во Белгија денеска се повредени 14 мигранти, откако комбето во кое се превезувале удрило во банкина на автопат, соопшти белгиското обвинителство.
Несреќата се случила при полициска потера, што започнала утрово откако полицијата забележала возило што се движи во погрешен правец на 40 киломатри јужно од Брисел.
– Петмина се во критична состојба, а меѓу нив се и двајца адолесценти, се наведува во соопштението.
Сите повредени лица се илегални мигранти во Белгија.
Белгиската полиција наведе дека возачот на комбето е уапсен и дека ќе биде испитан во текот на денот.