Коалицијата О2 за чист воздух бара праг на алармирање согласно, како што велат, препораките на Светската здравствена организација (СЗО), Европската агенција за животна средина (ЕЕА) и по европските примери.
– Прагот на алармирање за ПМ10 да биде поставен при достигнување дневна вредност од над 70 микрограми на метар кубен, два дена по ред, без оглед дали станува збор за викенд или работен ден и без скриени услови. Итните мерки кои треба да го редуцираат сообраќајот, функционирањето на индустријата, градежните активности, фосилните согорувања и слично, да стапат во сила веднаш наредниот ден и да траат се додека нивото на ПМ10 честици не биде под дозволеното, до 50 микрограми на метар кубен дневно на сите мерни станици, соопшти Коалицијата О2 за чист воздух.
Коалицијата најави дека ова барање ќе го достави до Министерство за животна средина и просторно планирање.