Канчо Канев, Бугарин кој работи во Ница, Франција, иницираше петиција за воведување на директна линија Ница- Софија, објави „Ла Котидиен“.
Во моментов, 14.000 лица, кои патуваат на релација меѓу овие два града, треба да „менуваат авиони“ во Франкфурт или во Лондон. А, сообраќајот меѓу Ница и Софија постојано се зголемува, се вели во написот.
Како пример за споредба, е посочена Романија, за каде што авиокомпанијата „Блу Ер“ веќе отвори втора директна линија до Ница.