ВМРО-ДПМНЕ: Груевски нема телефон кој го плаќа владата

Од:

„СДСМ во очај се претвара во фабрика за лажни вести обидувајќи се да го покрие срамот од прифаќањето на Tиранската Pлатформа.

Веста дека Владата го плаќа телефонот на Претседателот Никола Груевски е целосна измислица. Груевски нема телефон кој го плаќа владата. Ниту пак од Малта имал разговори за такви високи сметки.

Лагите и лажните вести станаа синоним за СДСМ. Пратеникот Павле Богоевски со лажно претставување како невладин активист влезе во Собранието, а сега преку пласирање на невистини се обидува да му се додвори на неговиот лидер, криминалецот Зоран Заев.

Криминогеното раководство на СДСМ нема да може на овој начин да се амнестира себе си од предавството на највисоките државни и национални интереси.

Граѓаните го прочитаа лицемерието и манипулациите на криминалецот Заев“, се вели во демантот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус