(ВИДЕО) Фани Каранфилова Пановска: Обидот да се исценира случај за парите на УСАИД е надвор од здравиот разум

Од:

Извршната директорка на Фондацијата Отворено Општесто Македонија, Фани Каранфилова Пановска во гостувањето во „Стадион“ на Канал 77 одговараше на прашања на граѓаните. Дали Сорос ја финансирал Шарената револуција и активности против државата, дали е криминалец Сорос кој ги дава своите пари за граѓаните на Република Македонија или пак тие на власт што ги крадат парите на граѓаните се криминалци?

Каранфилова Пановска кажа дека парите на Сорос се строго контролирани како се трошат низ три годишни ревизии, а целото финасиско работење јавно се објавува на страната на Фондацијата.

– Корисниците на грантовите поминуваат низ неколку фази на проверки од неколку страни и многу е тешко обвинување да се тврди дека со средства на донатори може да се прави криминал. ФООМ заедно со над 20 невладини организации три месеци е предмет на невидени контроли на разно разни инстанци во оваа држава, односно е на линија на најавата за десороизација на Никола Грууевски. Ние сме петта недела под истрага на УЈП за пет години наназад, паралелно се покренати предистражни дејствија од страна на Основното јавно обвинителство со кои што се ангажирани МВР и Финасиската полиција за да бараат кај 20 невладини организации што се случувало со средстата кои доаѓаче од УСАИД.

Паралелно се отвораат и други постапки, бараат увиди во нашите трошења, ова е нешто што не е видено во поширокиот регион и во Европа. Која е потребата за оркестриран упад, вакво нешто ни се нема случено досега. Зошто токму сега се случува ваква организаирана хајка, е поради тоа што на властите не им се допадна граѓанското општество кое сака и бара поинаку, сакаат одговорност за криминалното владеење, рече Каранфилова Пановска.

Да пробате да направите случај за пари на УСАИД, средства на американскиот народ, кој подлежат на ригорозни процедури на проценка како се искористени е надвор од здравиот разум. Јас мирно спијам, нашата работа е отворена и транспарентна, рече Каранфилова Пановска.

Но не смееме да ја потцениме позицијата на институциите кои што се уште се во рацете на властите кои во европскиот извештај беа оквалификувани како власти кои ја имаат заробена државата, не смееме да ја потцениме нивната моќ да исценираат случај, рече Карнафилова Пановска.

Според неа има недоразбирање и неинформираност околку граѓанското општество, што значи граѓаните да се освестат и да си ги бараат своите права, која е потребата граѓаните да знаат и да се информирани како се трошат нивните пари.

Каранфилова Пановска негираше дека ФООМ ја финансирала Шарената ревоуција.

– Во моментов сме под истрага на повеќе институции, ако имаше такво нешто, во оваа држава каде партијата ја има сета контрола и знае каде секој денар оди, тоа ќе беше сериозен случај.

-Колкави се платите во ФООМ и мојата плата се средства од приватен донатор, начинот на кој се утврдуваат подлежат на правила на управување кои важат глобално за целата мрежа на Фондацијата Отворено општество. Идејата на тој начин се подгреваат граѓаните со суми пари е само напор плус да се оттргне фокусот од тоа што се случува со нашите јавни пари, за што имаме информација дека во последните осум години се излеале над 5 милијарди евра, ревизии се тоа на финасиски организации од надвор. Се чудам зошто граѓаните не се грижат за парите кои ги издвојуваат од својот џеб, а им ги троши државата, рече Каранфилова Пановска.

Фондацијата има инвестирано 145 милиони долари во Македонија, а за даноци и давачки во државниот буџет се слеваат близу 1 милион долари годишно. Сорос сака да го подобри животот на граѓаните.

Медиумите кои имаат задача да ја оцрнуваат работата на Фондацијата успеваат да фаќаат корени кај дел од граѓаните и да обвинуваат некој што одвојува од своите пари за стипендии,помош за сиромашните, разно разни инстируции на државата. Ние сме поддржале културни проекти, сме направиле места и простори кои биле заборавени од држава, сме превеле тони книги и сме оставиле фонд во библиотеките.

Членови од ВМРО-ДПМНЕ биле корисници на средства на Сорос, прв пример е претседателот Ѓорге Иванов, кој беше член на управниот одбор на Фондацијата цели три години, рече Каранфилова Пановска.

Трагична е поделбата што се случува во моментов меѓу македонскиот народ на предавници и патриоти, тоа е штета и треба многу напор за да го збиеме ткивото меѓу Македонците пред се, бидејќи поделбите во семејствата, со пријателите се нешто што остава трага и не е добро ниту за еден народ.

ФООМ слави 25 години во Република Македонија, малкумина знаат се што Џорџ Сорос има направено за оваа држава-тој на Република Македонија во 90 те години и даде кредит од 25 милиони долари со симболична каматна стапка за да се помогне во снабдувањето со нафтени деривати за време на ембаргото од Грција и санкциите кон СРЈ.

Ова беше првата финасиска помош што Македонија воопшто ја добила и имаше две значења, едната беше во 25 милиони долари, а второ беше дека Сорос намерно испрати порака дека оваа држава ќе ја биде и на тој начин ги повика Светската банка и ММФ да ги дадат своите средства, рече Каранфилова Пановска.

Би можело да ве интересира

Сорос тврди дека поразот на Русија во Украина ќе ја распадне „Руската империја“

Сорос и Гејтс ќе ја преземат фирмата за брзи ковид тестови

Ана Ололовска

ПроПублика: Маск, Сорос, Безос не плаќале данок на доход со години

Ана Ололовска

Највисокиот суд на ЕУ против унгарските закони што го погодија универзитетот на Сорос

Ана Ололовска

ФООМ донира 100 илјади долари за најзагрозените ромски семејства

Ана Ололовска

Според Сорос, Си е закана за ЕУ

Ана Ололовска