Мирното село Ширинџе со население од 600 жители во западна Турција, кое се наоѓа во близина на античкиот град Ефес, веќе неколку недели доживува туристички бум, поради шпекулациите поврзани дио древниот календар на Маите.
Според некои претпоставките, кои се засноваат на календарот на Маите, на 21 декември светот ќе биде уништен, а ќе опстанат единствено селото Ширинџе и селото Бугашар во јужна Франција. Поради овие шпекулции хотелското сместување во Ширинџе, кое има капацитет од 400 кревети е целосно зафатено.
За прв пат тоа се случува во зимската сезона. – Има луѓе, кои сметаа дека енергијата на Ширинџе е многу моќна и тие веруваат дека оттука ќе бидат пренесени на друга вселенска дестинација, изјави Илкан Ѓулгун, хотелиер од селото.
Селото Ширинџе е старо грчко село, обновено изминатите десет години, кое привлекува голем број туристи, а познато е по своето вино.
Претприемачот од селото Еркан Јоноглу добил идеја произведе „вино на апокалипсата“ за 21 декември, кое веќе неколку денови се продава во неговата продавница.