Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Сеп Блатер денеска се заложи за забрана на конзумирањето алкохол и цигари на стадионите.
– Доколку му посакуваме добро на спортот воопшто, а особено на фудбалот, ќе ги исфрлиме алкохолот и цигарите од стадионите, изјави Блатер.
Според него спортските настани се важен дел од културата.
– Време е да го зголемиме нивото на однесување на стадионите, а тоа ќе го направиме доколку почнеме со забрана на алкохолот и цигарите, изјави Блатер.