Британката Џоана Конта триумфираше на женскиот дел од Мастерсот во Мајами, откако синоќа по два сета игра за 95 минути ја совлада Каролине Вознијачки од Данска со 2-0 во сетови (6:4 и 6:3).
Ова за британската тенисерка е нејзин најголем резултат во кариерата.
За турнирската победа таа ќе добие 940.000 долари и од понеделник на ВТА листата ќе биде на седмото место.
Во машкото финале на Мастерсот вечерва ќе играат Рожер Федерер и Рафаел Надал и ова ќе биде нивни 37. меѓусебен дуел.