Рама: Ме загрижува слабоста на ЕУ

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека е „помалку уморен“ од постојаните поплаки на Брисел за засилено руско присуство на Балканот, нагласувајќи дека во такви услови се повеќе го загрижува „слабоста на ЕУ“.

Рама оцени дека неспорно е оти може да се говори за руско влијание на Балканот, но нагласи дека до тоа дошло поради „празнината“ што ја осртавила ЕУ.

– Тоа е главниот проблем на Балканот денес, а сето останато се последици. Не изненадува тоа што некој се обидува да ги пополни празнините. Геостратешката стабилност на регионот зависи од САД и ЕУ, изјави Рама по средбата со францускиот премиер Бернар Казнев во Париз.

Рама нагласи дека неизвесноста што ја носи новата Администрација на американскиот претседател Доналд Трамп, го загрижува помалку од „европската неспособност“.

Во врска со најавата на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер дека до 2020 година нема да има ново проширување на ЕУ, Рама изјави дека таквата реалност „не помага во потхранувањето на сонот“ за зачленување во Унијата.

– Ние сме опседнати со Европа и се надеваме дека нема да дојде до рестартирање на француско-германската оска, порача Рама од Париз.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Писонеро: Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат

ЕУ ги отвори пристапните преговори со Украина

Горан Наумовски

Повеќе од 52.000 украински војници поминале обука како дел од помошта на ЕУ за Украина

Земјотрес ја погоди Албанија

Горан Наумовски

УЕФА ја казни Албанија