Холандски студент си купил карта за Сиднеј, но завршил во Канада

Од:

Студент од Холандија, Милан Шипер, бил воодушевен кога успеал да купи карта за Сиднеј по поволна цена, но вистинското изненадување следувале кога слетал. Наместо во Австралија, тој се нашол во Канада.

За медиумите тој изјавил дека без двоумење ја купил картата бидејќи била многу поповолна од останатите.

Неговиот план бил веднаш по слетувањето да се упати на некоја плажа, меѓутоа во Канада го пречекала вистинска бура, а во својот багаж тој носел само една јакна.

Шипер почнал да сфаќа дека нешто не е во ред, кога во Торонто требало да се премести во друг помал авион од Ер Канада.

– Авионот навистина беше мал, па си прашував како ќе успее да стигне до Австралија, рекол тој.

Медиумите пишуваат дека ова не е прв ваков случај патниците да купат карта за Сиднеј во Канада, наместо за нивната посакувана дестинација во Австралија.

Вработените во авиокомпанијата му помогнале на студентот да купи карта за да се врати дома, а на аеродромот го чекал татко му кој слатко му се смеел.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска