Спасовски: Да покажеме дека најважно ни е Куманово, соживотот во него и Македонија

Од:

Генералниот секретар на СДСМ и пратеник од Куманово, Оливер Спасовски, реагира на денешната намерна провокација со симнувањето на државното знаме во центарот на Куманово и поставување на албанското знаме.

„Денеска се случи срамен чин на симнување на македонското знаме од јарболот во центарот на Куманово.Го осудувам ваквиот настан од било кого да е и за било какви интереси.
Ги повикувам сите граѓани на мојот град за смиреност и да покажеме дека најважно ни е Куманово,соживотот во него и Македонија.
Да живее Република Македонија!“ напиша Спасовски на својот Фејсбук профил.

Според информации од Куманово се работи за две лица, кои се приведени.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ