Најмалку 22 лица беа убиени при бомбашки напад во пакистанскиот град Парачинар.
Повредени се речиси 70 лица.
Бомбата експлодирала на пазар во близина на шиитска џамија, каде луѓето се собирале за утринска молитва.
Експлозијата била проследена со истрели, изјави пратеник од Парачинар, според кого станува збор за напад на бомбаш-самоубиец.