Крајот на „Снежното кралство“ (Фрозен), анимиран блокбастер од 2013 година можеше да биде многу поинаков од крајот кој сите го знаеме и сакаме.
Актерката Кристен Бел, која на Ана и го позајми гласот, во 2014 година откри дека Елса оригинално била целосен „негативец“, а сега продуцентот на филмот, Петар дел Веко за Entertainment Weekly тоа го потврди и додаде дека во оригиналното сценарио Ана и Елса не биле сестри и немале кралско потекло.
– Ана не беше принцеза, а Елса беше самопрогласена Снежна кралица. Таа беше чисто зло, како лик од бајките на Ханс Кристијан Андерсон, рече тој.
Во завршната сцена од оригиналниот крај, злобната кралица создава чудовишта наспроти хероите, а дволичниот принц Ханс намерно предизвикува снежна лавина, не грижејќи се дека тоа би можело да ги уништи сите во царствот. Ана ја наговара Елса со своите моќи да го спаси кралството, а како резултат на тоа нејзиното срце претсанува да биде ледено и таа може повторно да сака.
– Но тоа не беше доволно добро. Немавме емотивна врска со Елса, не се грижевме за неа бидејќи во текот на целиот филм таа беше негативка, вели Дел Веко.
Тогаш почнаа прашањата што ако Елса не е злобна и што ако таа и Ана се сестри.
– Поврзувајќи ги Елса и Ана, ние дојдовме на идејата за нејзин живот во страв поради нејзините моќи, рече тој.
Така на крајот Елса стана добра, а пораката на „Смрзнатото кралство“ е дека љубовта е посилна од стравот.