МВР отвори истрага за евентуално три наместени натпревари

Од:

Инспектори од Министерството за внатрешни работи (МВР) во соработка со одделот за интегритет и безбедност во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвори истрага за евентуално наместени три натпревари одиграни во пролетниот дел од Македонската фудбалска лига.

До одделот за интегритет во ФФМ преку телефонската линија за пријавување неправилности на фудбалските натпревари 0800-15-800 прифатена е дојава за недозволено влијание и нерегуларности на три натпревари од МФЛ.

– Одделот за интегритет во рамки на ФФМ одлучи случајот да го предаде на полицијата од која ќе бара истрага. Органите и телата при ФФМ ќе спроведат истрага, веќе формираа предмети во насока на утврдување на вистината и регуларноста на исходот на натпреварите кои сега се предмет и на МВР, изјави Роберт Марковиќ, раководител на одделот за интегритет и безбедност во ФФМ.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он