Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

Од:

По повеќемесечна предистражна постапка, денеска под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и затворска полиција, беше спроведена акција под кодно име „Ланец“. Во акцијата, како што соопшти Јавното обвинителство, се лишени од слобода две лица осомничени дека сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Лицата, од кои еднотo e полициски службеник, од декември минатата година до денеска на територијата на Гостивар, Тетово и Скопје заедно со уште едно, до сега неидентификувано лице, се здружиле и организирале неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична дрога кокаин. Дрогата во повеќе наврати ја купувале од непознати лица и ја држеле на безбедни локации во Гостивар и Скопје.

Како што информира Јавното обвинителство, откако полицискиот службеник ќе стапeл во контакт со заинтересирани лица кои сакале да набават наркотична дрога кокаин, ја договарал количината и цената. Потоа сам или заедно со некој од останатите членови на групата спакуваниот кокаин во поединечни пакувања со нето маса од по 0,50 грама до 1 грам по пакувања неовластено го пренесувале и продавале. Цената по пакување, зависно од грамажата се движела од 2.500 до 6.000 денари, а паричните средства од купопродажбата осомничените меѓусебно си ги делеле.

– Предметниот јавен обвинител ценејќи дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, основан страв дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело, ќе ја попречуваат кривичната постапка co влијание врз сведоците, соучесниците или прикривачите, како и поради постоење на особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повторат кривичното дело, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерка притвор против двајцата осомничени, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Кривична за полицаец, возеше пијан со активна забрана за управување возило, двојно побрзо од дозволеното

Горан Наумовски

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он