Сертификати за млади обучени за машинска и електротехничка струка

Од:

Шеесет млади луѓе од 18 до 35 години од општините од североисточниот плански регион, денеска во средното стручно училиште „Наце Буѓони“ во Куманово добија сертификати за успешно завршување на петмесечните обуки од машинската и електротехничката струка.

Сертификатите се доделени во рамки на завршениот проект „Инклузија на млади од социјално ранливи категории на пазарот на трудот во североисточен плански регион“, кој е финансиран од ЕУ од ИПА програмата – компонента четири за социјална инклузија, а го спроведуваат техничкото училиште „Наце Буѓони“ и Центарот за развој на североисточниот плански регион.

Координаторот не проектот Денис Илиевски информираше дека младите се обучиле од електроструката за инсталации во станбени објекти, а од машинската – за работа на цнц машини. Воедно, во рамки на проектот се обучувале и за подготовка на професионални биографии, за кариерно усовршување, психосоцијално и обуки за вработување. – Најголем интерес имаше за обуките за компјутерско управување со машини, изјави Илиевски.

Покрај теоретска настава и обуки, младите и практично се усовршувале во локалните компании. Директорката на „Наце Буѓони“ Лидија Михајловска истакна дека обучувачите биле стручни професори од училиштето, но и надворешни кои се пријавиле на конкурсот.

– Нашето училиште стана регионален центар за обучување, па врз основа на тоа го добивме и овој проект, врз основа на резултатите на минатите проекти. Во училиштето има околу 60-ина машински, електроинженери, лекари, што значи голем потенцијал. Имаме сопствени работилници и придонесуваме за доброто на Куманово и на регионот, изјави Михајловска.

Милена Ристевски од Кратово е една од 60-те млади кои стекнаа сертификат за работа за управувач со цнц машини, односно компјутерско управување со машини. Таа се надева дека со новото знаење ќе успее полесно да се снајде на пазарот на трудот, бидејќи досега со завршена општа гимназија. како што рече, немала работно искуство.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување