Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека е подготвен да се сретне со американскиот колега Доналд Трамп на маргините на Арктичкиот самит во Финска.
Путин тоа го изјави одговарајќи на сугестијата на финскиот претседател Саули Нинисто, кој нагласи дека во Хелсинки би биле среќни доколку би можеле да им бидат добри домаќини на рускиот и на американскиот лидер.
Нинисто истакна дека овој состанок би можел да го организира штом неговата земја го преземе двегодишното претседавање со Арктичкиот совет во мај оваа година.