Европската комисија им плаќа на младите луѓе да патуваат

Од:

Европската комисија пред неколку дена претстави програма, која треба да ги поттикне младите да патуваат во некои други европски земји, која предвидува покривање на финансиските трошоци за патувањата „за најмалку пет илјади млади“.

За програмата се издвоени 2,5 милиони евра од буџетот за програмата Еразмус и во неа можат да учествуваат млади луѓе кои имаат најмалку 16 години и се дел од програмата „eTwining“, во чии рамки учениците и наставниците учестуваат во заеднички образовни проекти преку интернет- платформата.

Бесплатни билети ќе добијат одделенијата кои имаат најдобар проект во рамките на „eTwining“.

Младите ќе можат да патуваат во периодот од август 2017 до декември следната година, кога ќе изберат, и тоа било во група, со своето одделение или индивидуално во рамки на одлуката, која ја носат нивните родители и наставници.

– Ќе бидат избрани меѓу пет илјади и седум илјади млади од 16 години и повеќе кои ќе добијат субвенции за превоз во вредност од 350 евра или 530 евра, зависно од случајот, за патување со воз, авиолинии, автобус, соопшти Комисијата.

ЕК наведе и дека некои оператори ја поддржуват оваа инициатива под наслов „Move2Learn, Larn2Move“ (Движи се да научиш, научи да се движиш) и да даваат билети со специјален попуст.

Проектот е покренат врз основа на идејата на Европскиот парламент кој сакал Европската унија да може да понуди „интер-рејл“ карти за секој граѓанин кој ќе наполни 18 години.

ЕК оцени дека таква амбициозна иницијатива би чинела меѓу 1,2 и 1,6 милијарди евра годишно, со кои сега не располага.

Комисијата соопшти дека била инспирирана со идејата на претставник од Европскиот парламент, а притоа се водело сметка за „образовната дименизја и организациските и буџетските ограничувања“.

Пограмата за субвенции е еднократна и започната е по повод 30- годишнината од пограмата Еразмус.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска