ОУ „Вук Караџиќ“ во Куманово ќе се реконструира со јапонска донација

Од:

Наскоро ќе почне реконструкција на кумановското основно училиште „Вук Караџиќ“, соопшти денеска директорката на училиштето, Надица Петровска. Амбасадата на Јапонија додели 67.830 евра наменети за реновирање на училиштето, односно за замена на прозорците од вториот и од третиот кат и на покривната конструкција.

Владата на Јапонија ќе финансира целосно реновирање на покривот на училиштето, набавка на нови и замена на старите прозорци, со што значително ќе се подобри безбедноста на учениците, а загревањето на училишните простории ќе може да се оствари со полн капацитет.

– Успеавме да ја добиеме оваа донација со која ќе се замени покривот на училиштето со громобранска инсталација, со олуци, со придружните елементи и поткровната конструкација која е доста оштетена. Воедно ќе се заменат сите прозорци од вториот и од третиот кат на сите училници, на тоалетите и ходниците, изјави Петровска.

Санацијата ќе почне по завршување на тековната учебна година, а се очекува да заврши до крајот на август годинава.

По завршување на овој проект, планирано е да се обнови и фасадата, а се размислува и за замена на прозорците на првиот кат за што, рече Петровска, ќе се обидат да најдат донација за да ги реновираат.

Во училиштето сега учат 148 ученици, а Петровска очекува дека со подобрувањето на условите идната година ќе се запишат поголем број ученици.

Училиштето е изградено во 1974 година и оттогаш воопшто не е извршена реконструкција на прозорците и на покривната конструкција.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово

Изгаснат е пожарот на депонијата „Краста“ во Куманово

Кумановец повреди двајца учесници на европските младински олимписки игри

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

МВР: Телото на починатото лице пронајдено во близина на пожар во село Лозаново е предадено за обдукција

Горан Наумовски

Избувнаа неколку пожари на различни локации во Куманово, градот е обвиткан во чад