А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Обид на Зврлевски да го укине притворот на Сеад Кочан преку Врховниот суд

by А1он28/03/2017 - 15:2528/03/2017 - 15:541534
Share0

Една недела по средбата на адвокатот на Сеад Кочан, Никола Додевски и јавниот обвинител Марко Зврлевски, со новиот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски, од Јавното обвинителство до Врховниот суд стигна барање за укинување на решенијата на Основниот суд Скопје 1 и Апелациониот суд за притворот на бизнисменот.

Добивај вести на вибер

Јавното обвинителство на Марко Зврлевски, за случајот кој е во надлежност на Специјалното јавно обвинителство бара „Врховниот суд да го уважи барањето за заштита на законитоста на Јавниот обвинител на Република Македонија, да ги укине решенијата на Oсновниот суд Скопје 1 од 7.03.2017 година и на Апелациониот суд од 15.03.2017 година и предметот да го врати на повторно судење и одлучување.

Согласно Законот за Специјално јавно обвинителство, Јавното обвинителство на на Марко Зврлевски, нема никаква надлежност врз случајот и барањето е незаконско. Според правни експерти ваквото барање Врховниот суд треба да го третира како поднесок од ненадлежен орган.

Како основа за барање за заштита на законитоста за случајот на Сеад Кочан се наведува дека со донесените решенија на Основниот суд Скопје 1 и на Апелациониот суд се сторени повреди на законот од кои една се однесува на решението донесено од Кривичниот совет во кое навел дека жалбата не го задржува извршувањето на решението, одосно било повредено суспензивното дејство на жалбата. Со преземање на дејствија за извршување на решението пред да стане правосилно од јавното обвинителство наведуваат дека Советот сторил повреда на членот 134 ст.5 од ЗКП. Јавното обвинителство во барањето до Врховниот суд наведува и дека во решението не се наведени факти и докази дека осомничениот Сеад Кочан кој е во бегство, го сторил кривичното дело.

Токму пред една недела претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски имаше средба со Зврлевски и адвокатот на Сеад Кочан, кој е иствремено претседател на Адвокатската комора. Целта на средбата како што беше кажано, била во насока на подобрување на комуникацијата помеѓу Врховниот суд и Јавното обвинителство.

Сеад Кочан од донесувањето на решението за притвор е во бегство и за него е распишана потерница. Адвокатот Никола Додевски тврдеше дека е на службен пат.

obvinitelstvosead kocantrust

Би можело да ве интересира

Обвинителството започна истрага против сопственичка на салон за убавина и нејзини соработници кои шверцуваа филери и средства за слабеење

Горан Наумовски06/05/2026 - 19:0706/05/2026 - 19:32

Обвинителството бара притвор за маж од Скопје кој три години силуваше малолетно дете и го снимаше

Горан Наумовски28/04/2026 - 19:5428/04/2026 - 20:24

Истрага на Обвинителство за судски полицаец и доставувач за „примање награда за противзаконито влијание“

А1он25/04/2026 - 11:11

Обвинителството ќе бара притвор за 12 осомничени во случајот со дерматолозите, а за петмина мерки за претпазливост

Предраг Петровиќ24/04/2026 - 19:25

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција

Горан Наумовски27/03/2026 - 12:19

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ04/03/2026 - 15:1004/03/2026 - 15:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто