Растопена горгонзола со стапчиња свеж целер и неколку парчиња препечен леб. Еден од специјалитетите на Тоскана …
Потребно е:
1 лажица путер
100 гр горгонзола
2 лажици павлака за готвење
стапчиња свеж целер
Подготовка:
– Исецкајте ја горгонзолата на коцкички. Растопете го путерот во тава на рингла и ставете ги и парчињата горгонзола. Растопете ја со постојано мешање.
– Кога потполно ќе се растопи додадете ја павлаката и измешајте убаво. Тргнете ја тавата на страна.
– Исчистете го целерот, убаво измијте го и исечете го на стапчиња.
– Ако сосот е многу густ може да додадете уште малку од павлаката.