Избор на Топ 10 најуспешни жени менаџерки по 21-ви пат

Од:

Агенцијата Марили утре и задутре го организира 21-от избор на Топ најуспешни жени менаџерки за 2016 година. Прогласувањето ќе се одржи на 30-ти овој месец, додека утре во рамки на манифестацијата ќе се одржи тематскиот ден посветен на жената.

Топ 10-те жени менаџерки се: Сузана Блажевска, генерален менаџер на „Афродита С“ – Скопје, Елена Василевска Ѓеоргиева, заменик-генерален менаџер на Поликлиника „Дента ЕС“ – Скопје, Олгица Ѓоргиева, генерален менаџер на Модно ателјe „ГО Ѓоргиева Олгица“ – Скопје, Елена Антоновска Едизер, генерален менаџер во „Арс Луцида“ – Скопје, Билјана Караманолеска, генерален менаџер во „Светот на колорес“ – Скопје, Ена Норнилд, генерален менаџер во „Дан-Мак“ – Скопје, Енкеледа Стефановска, генерален менаџер во „Ад Вербум“ – Скопје, Елида Трајковска, генерален менаџер „Секјуриком“ – Скопје, Александра Марковиќ Цветановска, генерален менаџер во „Вардар Експрес Травел“ – Скопје и Викторија Шотароска, генерален менаџер во „П.И.К. Ко“ – Скопје.

Генералната менаџерка на агенцијата Лидија Трипуноска вели дека во конкуренција биле 30-40 жени и оти од избраните 90 отсто од жените се на позиција генерални менаџери и оти на таа позиција се подолги години.

За да бидат дел од Топ 10-те најуспешни, треба тие да се добро прифатени во својата работна средина и тоа не само од менаџмент тимот, туку и од сите вработени, треба да бидат од различни области и дејности.

Доаѓаат исклучиво од приватниот сектор, од целата држава, а кога е можно се вклучива и дијаспората. Жените доминираат во услужните дејности и во областа на финансиите. Најчесто водат малите и средните бизниси.

Според Трипуноска, овие избори придонесоа за подигнување на нивото на перцепција за жената во нашето општество и во бизнисот.

– Таа традиција и прогласувањето на најуспешни жени менаџери ги помести границите за тоа како се гледа на жената. На тоа дека всушност таа може да биде рамноправна, не само во работниот однос, туку и во делот на тоа да може да координира, да може да организира. Значи, се она што подразбира менаџирањето, да биде одговорна и на неа да се гледа како на сериозен субјект во бизнисот, а верувам тоа е препорака и воопшто за општеството и за високи позиции во општеството, истакнува Трипуноска.

Досега се избрани 210 жени за најуспешни менаџерки во земјава. Секоја година се избираат традиционално по 10, а минатата година по повод јубилејот 20 години беа избрани 20 .

Годинава Марили го организира третпат тематскиот ден кој е посветен не само на жените менаџерки, туку и на секоја современа жена. Тој е тематско надополнување на манифестација, односно содржинско надополнување на манифестацијата.

Утре ќе биде понудена едукација во областа на медицината, фармацијата, стоматолигјата, козметологија, бизнис психологија, мода.

Би можело да ве интересира

Претепани две жени – тројца мажи им влегле со дрва и шипки во дворот, се заканувале со убиство и при апсењето

(ВИДЕО) Го убив мажот, ме тепаше – A1он со жените зад решетки

Жена и девојка се истепале во здравствен дом во Ѓорче Петров

Ангеловска-Бежоска: За повисок економски раст, потребна е поголема вклученост на жените во економијата

A1on

Во Шпанија од почетокот на годината убиени шест жени

Светот во 2022: Жени, живот, слобода

Горан Наумовски