(ВИДЕО) Димовски: СДСМ повикуваа на дебата, а сега одбегнуваат да разговараат за последиците од прифаќање на платформата

Од:

Нема да дозволиме партии како СДСМ кои години наназад ја блокираат работата на Собранието да држат лекции како Собранието треба да работи. Ние го користиме правото на дебата и цениме дека Собранието има обврска да разговара за сите прашања кои се отворија по изборите, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

– Раководители на СДСМ повикуваа на дебата, а сега одбегнуваат да дебатираат за последиците од прифаќање на платформата, рече Димовски.

Според него, со ставање на најголемата партија во опозиција, СДСМ сака да ја дестабилизира државата.

Социјалдемократскиот сојуз со 20 пратеници го поддржа Талат Џафери од ДУИ за нов претседател на Собранието, но како што кажа Димовски, додека не се заврши со дебатирање за третата точка не може да се отпочне дебата за нов претседател на Собранието.

– Тие 20 пратеници од СДСМ не можат да го скратат правото на другите 20 пратеници или Комисијата да предложат свој кандидат, рече Димовски.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски