Обединети за Македонија: Да се прифати волјата на најголемиот број граѓани и да се формира реформска влада

Од:

„На редовната седница на претседателството на Обединети за Македонија, одржано во Велес на 26.03.2017, на дневен ред меѓу другото беше:
Завземање став, околу актуелната општествено-политичка ситуација која што продуцира продолжена политичка криза, Обединети за Македонија притоа донесе заклучок дека:

– Македонија мора и може да излезе од криза со конституирање на парламентот;
– Прифаќање на волјата на најголем број граѓани на Република Македонија, изразена преку мандати;
– Формирање реформска влада од мандаторот кој обезбеди 67 мандати.

Обединети за Македонија ќе ги прифатат сите решенија кои се во рамки на највисокиот правен акт, Уставот на Република Македонија, овозможувајќи непречено одвивање дебати кои ќе отворат пат на Република Македонија кон Европската Унија и НАТО.

Обединети за Македонија како партија, со јасна вмровска идеологија ги повикуваат своите браќа и сестри вмровци на разбирање на сериозноста на ситуацијата, да дадат поддршка на демократските процеси“ стои во соопштението на Обединети за Македонија.

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска

ОМ против најавената промена на називот на улицата „Борис Сарафов“ во „4 Јули“

Ана Ололовска