НСП: Да се реши проблемот со исплата на работни часови на ПЕП

Од:

Министерството за внатрешни работи да сопре со носење на нејасни и несинхронизирани пишани акти и да донесе решение за нерегуларностите поврзани со исплата и водење на реализираните работни часови на припадниците на Посебната единица за поддршка (ПЕП), побара денеска Независниот синдикат на полицијата (НСП).

Претседателот на НСП Гоце Делчев Тодев, на денешната прес-конференција пред МВР објасни дека во декември минатата година поднеле барање за објаснување од Секторот за внатрешна контрола при МВР околу нерегуларности поврзани со исплата и водење на реализирани работни часови на припадниците на ПЕП за лица кои доаѓаат од полициските станици од цела Република Македонија и извршуваат задачи на територија на градот Скопје, а се сместени во касарната „Ѓорче Петров“.

– Одделот за внатрешна контрола во февруари годинава се произнесе согласно сите законски регулативи позитивно, но по споредување на потписите каде стои помошник-министер за внатрешна контрола е сомнително дека исто лице го потпишало актот во февруари и актот што вчера го добивме. Јавно го повикувам министерот итно да свика седница и се надмине оваа работа, бидејќи во спротивно може да се случи 18 милиони евра да се одлеат од Министерството, наместо да се купува опрема и ново вооружување, изјави Тодев.

Посочи дека станува збор за неработење на правната и кадровата служба и одделот за финансии и началници кои се во одделот за посебни единици, со што се овозможува полнење на џебовите на луѓето кои се извршители, нотари, судии и адвокати од касата на МВР со парите кои се наменети за полицајците.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он