Ердоган: За мене Европа ќе биде „нацистичка“ се додека ме нарекува „диктатор“

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека ќе продолжи европските земји да ги нарекува „нацистички“ се додека тие го оценуваат него како „диктатор“.

– Тие имаат слобода да го нарекуваат Ердоган „Диктатор“, но Ердоган нема слобода нив да ги нарекува „фашисти“ или „нацисти“. Никој да не се навреди – ќе продолжам за нив да ги користам истите изрази се додека тие го нарекуваат Ердоган диктатор, нагласи турскиот претседател.

Турскиот претседател исто така изрази жалење поради забелешките на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер против него, пишува денеска турскиот весник „Дејли Сабат“.

Штајнмајер при неговиот прв претседателски говор, нагласи дека Ердоган се заканува дека ќе го уништи се она што неговата земја го стекнала во претходните години и дека ги загрозува односите со турските партнери.

Би можело да ве интересира

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Масовен бојкот во Турција – Владата тврди: Тоа е саботажа

Горан Наумовски