Хуманитарни мисии на младите волонтери од Црвениот крст од Струмица

Од:

Со вечерашниот хуманитарен концерт што ќе се одржи во 18 часот во Домот на АРМ во Струмица, младите волонтери на Црвениот крст ги почнуваат повеќедневните хуманитарни мисии за промоција на хумани вредности. Собраните средства ќе бидат наменети на социјално загрозени семејства.

– Од концертот парите ќе бидат наменети за социјално загрозено семејство во Струмица. Утре веќе во маркетот „Хоризонт“ ќе биде поставен собирен пункт каде што граѓаните може да донираат пари или производи кои потоа ќе ги дадеме во социјално загрозено семејство во Босилово. На 4 април, во 20 часот ќе организираме натпревар во кариоке, а собраните парични средства повторно ќе ги намениме за социјално загрозено семејство. Повикуваме на масовност, зошто на тој начин може да промениме нечиј живот и да измамиме насмевка, рече Ѓургица Илиева, волонтер.

Од Црвениот крст додаваат дека ќе организираат и велосипедска трка.

– Целта на овие проекти е регрутирање нови млади волонтери и помагање на општеството во кое живееме, додаде Илиева.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите