Во прифатниот центар во Гевгелија има само 16 мигранти

Од:

Во транзитниот прифатен центар „Винојуг“ во моментов престојуваат само 16 мигранти, кои ги имаат сите удобности, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи од Гевгелија.

Според податоци од граничната полиција во ПТЦ „Винојуг“ има регистрирано само осум мигранти трајно сметени, од кои двајца мажи, две жени и четири деца. Останатите осум мигранти се привремено тука откако се спречени во илегален обид за влез во нашата земја.

Од граничната полиција информираа дека состојбата на граничната кота 59 е мирна и оти таму нема мигранти. Исто така беше потврдено дека во изминативе 24 часа нема евидентирано мигранти кои нелегално влегле во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

Гевгелиски банкар од двајца клиенти украде пет милиони денари и над 63.000 евра

Горан Наумовски

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица