Продолжи рочиштето за убиството на 4-годишниот Алмир Алиу од Куманово

Од:

Во Основниот суд Куманово денеска продолжи рочиштето против обвинетиот 30-годишен Бобан Илиќ, кој е осомничен за убиство на четиригодишниот Алмир Алиу.

На денешното рочиште исказ даде едниот од двајцата вешти лица, невропсихијатар од Клиниката за невропсихијатрија, кој рече дека обвинетиот немал психопатолошки мотив, не се наоѓал во состојба на патолошки страв, не бил во привремено душевно растројство, но во секој случај нагласи, бил уплашен, бидејќи сметал дека му е загрозен физичкиот интегритет. Тоа, како што додаде влијаело ограничувачки во неговото расудување, кое сепак било рационално. Според вештакот, кога се употребува терминот „умисла“ треба да се најде мотивот, кој може да биде во привремено душевно растројство или во асоцијална личност, психопатска личност, но кај обвинетиот тоа го немало.

На ова реагираа адвокатите на фамилијата Алиу и на мајката на Алмир кои ќе побараат од Основното јавно обвнителството како дополнение на доказот да се елиминираат, според нив недостатоците во сегашното вештачење.

Адвокатот на првообвинетиот Стеван Павлески, рече дека се согласува со исказот на вештото лице.

Адвокатот на фамилијата Алиу, Асмир Алиспаиќ нагласи дека ќе бара дополнително вештачење оти денешното, според него е селективно, бидејчќи, како што нагласи, вештите лица не ги разгледале списите кои тој ги доставил.

– Затоа јас барам од судот и обвинителството од овластениот подносител на барањето на вештачење да се дополни вештачењето, доколку не, тогаш ние како адвокати во дополнение на доказна постапка ќе ангажираме стручни вешти лица, изјави Алиспаиќ.

Адвокатот на мајката на четиригодишниот Алмир, Ибрахим Бајрами, додаде дека вештачењето е нецелосно.

– Сметаме дека во наредната расправа ќе имаме сеопфатно и поцелосно вештачење и се надеваме дека на идната главна расправа ќе се елиминираат недостатоците во содржината на вештачењето, изјави Бајрами.

Осомничениот се товари дека на 25 јуни минатата година го прегазил четиригодишниот Алмир во близина на Здравствениот дом во Куманово по инцидентот што се случи на улицата „Борис Кидриќ“. За овој настан против три други лица е поднесено обвинение за сторено кривично дело „насилство“. Станува збор за таткото на детето Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра