(ВИДЕО) Атанасов: Новата Влада ќе го укине екстерното тестирање во јуни

Од:

„Oвој јуни нема да биде најстресниот месец во годината за учениците, наставниците и родителите.

Новата Влада, уште на првата владина седница ќе го укине нелогичното екстерно тестирање, кое што освен притисоци врз учениците и казни за наставниците, не донесе ништо добро на образованието.

Квалитетот на образованието ќе го обезбедиме според меѓународни практики, но и со домашен ум и умеење, единствено по пат на мотивација и награди.

Подготвени сме на големи промени. Ќе направиме крупни реформи за обезбедување вистински, успешен, модерен, европски образовен модел.Помалку предмети, настава соодветна за возраста и потребите на младите, наставници ослободени од административни обврски, посветени на учениците.

Квалитетот на наставата е врвен приоритет, затоа што обезбедува уште од мали нозе создавање здрави и зрели личности, кои потоа ќе придонесуваат за развој на општеството. Потребен ни е развој. Во сите делови на Македонија.

Во основното образование, во првите 5 години ќе има само описно оценување. Оценки ќе има во следните 4 години. Бројот на ученици во паралелка ќе го намалиме на 25 ученици во просек.

Во средното образование, покрај класичното четиригодишно гимназиско и стручно образование, ќе воведеме и можност за завршување по втора и трета година кај стручното образование. Така, оние кои сакаат побрзо да се вклучат во пазарот на трудот, нема непотребно да ги задржуваме во образовниот систем.

Новата Влада ќе ги врати и ќе ги почитува автономијата и достоинството на универзитетите. Ќе ги преиспитаме дисперзираните студии. Ќе помогнеме да се приспособат студиските програми со потребите на општетството. Државата ќе им помогне на студентите во поматамошното дошколување, но и наоѓање работа.

Никогаш повеќе нема да дозволиме да се вршат експерименти врз учениците и да се носат ад-хок решенија кои одат на штета на учениците, студентите, наставниците и професорите, како што беше пракса досега.

На учениците, наставниците, професорите им е неопходна нова реформска Влада.

Очекуваме во најкусо време претседателот Зоран Заев да го добие мандатот и новата Влада да почне да работи во интерес на сите граѓани“, изјави Петар Атанасов, пратеник во Собранието на Р.М. и претседател на Комисијата за образование на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски