Форум за работодавачи за подобри активни политики за вработување

Од:

Продлабочување и развивање на меѓусебната соработка преку зголемување на информативноста за активните програми, мерки за вработување и услуги кои ги спроведува Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) со работодавачите, беше целта на денешниот форум кој треба да ги подобри политики за вработување во бизнис секторот.

Слободанка Алексовска раководител на Центарот за вработување на Град Скопје појасни дека на форумот насловен „Активните мерки и политики на Агенцијата за вработување“ се дава поддршка на невработените лица и работодавците во приватниот сектор.

– Досега се отворени над 43.000 нови работни места, односно се креирани над 43 илјади вработувања преку активните мерки за вработување на Агенцијата кои се спроведуваат од 2007 година до сега, истакна Алексовска.

Информира дека за оваа година е донесен оперативниот план за активни мерки и програми во кој има 22 услуги кои се достапни за работодавците и невраборените лица, како и дека со мерките се предвидува отворање на над 10.000 нови работни места. Таа потсети дека во моментов е активна и програмата Македонија вработува#2.

Занаетчиската комора Скопје, според Елена Љамова која е и корисник на услугите од Агенцијата, е вклучена во спроведување на оперативниот план на АВРМ, а начеста мерка која Комората ја користи е мерката практиканство во кој се ангажираат невработени млади лица.

– Активно сме вклучени во мерката за самовработување на Агенцијата преку регистрација на невработените кои самсостојно започнуваат самостоен бизнис. Една од најуспешните мерки која ја спроведува Занаетчиската комора е мерката од оперативниот план, а тоа е Македонија вработува два преку ослободување на плаќање придонеси, истакна Љамова.

На форумот работодавачите разменија искуства и дискутираа за состојбата на пазарот на трудот и реалните потреби на биснис секторот, во насока на јакнење на соработката за планирање и имплементација на политиките за вработување на локално и на национално ниво.

Би можело да ве интересира

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Влада: Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари ќе опфати речиси 15.000 лица

А1он

Во светот 2,4 милијарди вработени жени немаат еднакви економски можности

А1он