Во Куманово прием за директори на 13 училишта

Од:

Градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски денеска организираше прием за директорите на тринаесет основни училишта и им додели печатачи кои беа дел од петгодишната работа во рамки на унапредувањето на Меѓуетничката интеграција на образованието, поддржан од УСАИД.

– Куманово е најдобар пример како треба да се гради едно граѓанско општество и интеретничка толеранција. Затоа дадовме поддршка на проектот, во однос на логистиката, транспортот на учениците, родителите, професорите. Тука беа зафатени 13 партиципиенти, сите дел од проектот носители беа „Браќа Миладиновци“ и „Бајрам Шабани“ кои имаат најдолга традиција во однос на јазиците. На некој начин овие работилници придонесоа за зближување на учениците, за мултикултурализмот, обичаите,…, и тоа е целта на сите овие проекти подржани од меѓународната заедница, но имплементатори се локалните заедници, изјави градоначалникот Дамјановски.

Проектот се одвиваше во повеќе општини Бутел, Брвеница, Гостивар, Кичево, Куманово и Струмица, како и со Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука кои беа нераскинлив дел од овој процес.

Како што информира директорката на „Браќа Миладиновци“ Марина Манојловска, проектот заврши пред една недела кога беше реализирана манифестацијата, а во дел на завршницата беше во оној дел кој го финансира УСАИД.

– Но, проектот продолжува, сега поддржан од Министерството за образование со инкорпорирани наставни планови и програми во делот на мултиетничко обраозование, бидејќи општината ни е таква. Сите тежнееме и сакаме да живееме во едно граѓанско општество кое нема да биде оптоварено со националност, вера и припадност, туку со нашите граѓански потреби. Тоа е она што во делот на мултиетничко обраозвание сме должни да им го објасниме на децата, да ги научиме да живеат во такво општество, изјави Манојловска.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра