Николовски: Снегот и студот пристигнаа, а повеќе училишта во Битола немаат пари за греење

Од:

„Она за што СДСМ опоменуваше, одржувајќи прес конференции пред секое училиште каде се презентираа огромните долгови во основното и средното образование, а ДПМНЕ и Талески немаа слух, за жал се потврди со уште еден скандал во образованието“, вели Оливер Николовски на прес конференција.

Снегот и студот пристигнаа, а повеќе училишта во Битола немаат пари за греење.
Овој проблем е вистинската причина во основнoто училиште „Климент Охридски“ и во неколку други училишта децата да учат со скратени часови во полузатоплени простории.

Не се обидувајте да ја префрлите одговорноста на инсталациите за греење!

Ако општина Битола нема пари за греење за училиштата, тогаш како има пари за снимање на филм за саморекламирање на Талески, каде тој е еден, единствен и главен актер!?

Со овој пример, Градоначалникот покажува колку искрено се грижи за она што е највредно во едно општество – децата и колку ДПМНЕ верува во слоганот „Знаењето е сила, знаењето е моќ“. Доблесно е Градоначалникот да излези пред граѓаните и да одговори:

Зошто за училиштата нема пари за огрев?

Колку пари чини печатеното издание на „Отчетот“ кој беше испечетен во 6.000 примероци и уште колку пари од граѓаните планира да ги потроши за да го убеди Груевски дека е вистинскиот кандидат за Битола?

Колку пари чинеше снимањето на филмот и колку пари ќе чини неговото емитување низ медиумите?

Или можеби Градоначалникот Талески со овој филм си го откри вистинското лице – дека се што досега работел за него било само филм и глума.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра