Анкета ИРИ: Расте довербата на граѓаните во претседателот Иванов

Од:

Во најновото истражување на јавното мислење спроведено од Меѓународниот републикански институт ИРИ, 58 проценти од испитаниците се изјасниле дека имаат позитивно мислење за претседателот Ѓорге Иванов, што значи пораст од 21 отсто во споредба со анкетите на ИРИ од септември и декември 2010 година, кога позитивно мислење за шефот на државата имале 37 проценти од граѓаните.

На истото прашање, со негативно мислење за претседателот Иванов се изјасниле 34 отсто од анектираните.

Во однос на поддршката на евроатлантските интеграции, најновото истражување на ИРИ покажува мал пад во споредба со претходната анкета. За влез во НАТО се залагаат 87 проценти од испитаниците, за разлика од пред четири години кога за тоа биле 91 отсто. За прием на Македонија во ЕУ се 84 проценти од анкетираните за разлика од претходно кога поддршката била 87 отсто.

На прашањето дали мислите дека Македонија е поблиску до ЕУ од пред четири години, 58 проценти од испитаниците одговориле позитивно, 23 негативно, а 19 отсто не знаат.

Најновата теренска анкета на ИРИ е спроведена од 15 до 21 ноември 2012 година на репрезентативен примерок од над 1.100 испитаници.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Тендерот за анкетите е согласно годишниот план, ако одиме по аналогијата на СДС за донации во Кочани треба да оди хациендата на Филипче на Водно

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Истражување: 73 отсто од Французите велат дека САД повеќе не се сојузници на Франција

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Анкета: Речиси 47 отсто од Американците го поддржуваат Трамп на почетокот на неговиот мандат