Луис Хамилтон од Мекларен триумфираше на седмата трка годинава која се возеше за ГН на Канда.
Со оваа победа, Британецот стана седмиот различен возач кој триумфирал на трка во годинашниов шампионат, на исто толку трки што само го надогради досегашниот рекорд од шест различни возачи.
Второто место на патеката Жил Вилнев во Монтреал му припадна на Роман Грожан на Лотус, а трет беше Мексиканецот, Перез од Заубер.
Со денешниот триумф Хамилтон изби на чело во генералниот пласман со 88 бода, два повеќе од Алонсо додека трет со 85 е актуелниот светски шампион, Фетел.
Следната трка од Ф1 шампионатот се вози во Валенсија за ГН на Европа.