Потребно е:
750 гр бело брашно
20 гр свеж квасец
3 јајца
100 мл вода
200 гр кисело млеко
4 лажици масло
1 лажица сол
1 рамно лажиче шеќер
за полнењето:
200 гр мелено месо
1 морков
150 гр шампињони
1 страк праз
1 лажица кечап
1 лажица сенф
сол, бибер
ким
масло, за пржење
Подготовка:
– Во млака вода ставете ги шеќерот и квасецот и разматете ги. Оставете да стаса квасецот.
– Во еден подлабок сад ставете ги брашното и солта. Додадете ги киселото млеко, 2 цели јајца и 1 белка, 4 лажици масло и стасаниот квасец. Замесете средно меко тесто. Измесеното тесто покријте го со крпа и оставете го на топло за да нарасне.
– За тоа време исчистете го празот и исецкајте го на мали коцки. И морковот исчистете го и изрендајте го на крупно ренде. Печурките исецкајте ги на листови.
– Зеленчукот ставете го во тава на загреано масло и пржете го додека да испари течноста што ќе ја пушти.
– Додадете го меленото месо, па и него испржете го. На крај додадете 1 лажица кечап и 1 лажица сенф. Убаво измешајте. Посипете со сол и бибер по вкус и со малку ким.
– Сега повторно малку измесете го тестото и поделете го на 12 до 15 делови (во зависност од големината на лепчињата).
– Секое парче тесто раширете го со сукало во форма на круг.
– На средината на секое парче тесто ставете од филот. Страните од тестото споите ги со притискање.
– Секое лепче ставете го во тава обложена со хартија за печење така што крајот каде што е споено тестото биде од долната страна. На крај премачкајте ги со изматена жолчка.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени додека убаво да поруменат.