Психолози, семејни терапевти, универзитетски професори и адвокати денеска ќе дебатираат на националната конференција на тема „Потребата од воведување заедничко родителство по разводот во Македонија и влијанието на овој концепт врз остварувањето на правата на детето“.
Конференцијата предвидено е да ја отворат заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа, претседателот на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ Драги Змијанац и претставникот на Граѓанската иницијатива за воведување заедничко родителство по разодот Наум Рибароски.
Конференцијата е во организација на Народниот правобранител, Граѓанската иницијатива за воведување заедничко и одговорно родителство по развод и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, а поддржана од Националниот демократски институт (НДИ).