АХВ: Прекршочна постапка против сопственикот на овчарските кучиња од село Бачишта

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) поведе прекршочна постапка против сопственикот на овчарските кучиња од кичевското село Бачишта кои нападнаа четиригодишно дете.

Постапката, како што соопшти АХВ, е покрената врз основа на извршениот увид на лице место од страна официјалниот ветеринар и овластеното ветеринарно друштво. Притоа, веднаш се преземени сите мерки пропишани со ветеринарната легислатива.

– Извршен е клинички преглед на кучињата, тие се ставени во изолација и под официјален надзор за следење на евентуална појава на симптоми на болеста беснило. Кучињата кои го придружувале стадото овци не биле ниту вакцинирани против оваа болест, ниту идентификувани со микрочип, што е задолжителна обврска за сопствениците на кучиња, информира АХВ.

Во наредните 15 дена, додека кучињата се под официјален надзор, ќе се следи нивната здравствената состојба за да се исклучи постоење на симптомите на беснило. По истекот на рокот за изолација и официјалниот надзор, официјалниот ветеринар од Агенцијата за храна и ветеринарство, зависно од утврдената состојба, ќе ги преземе натамошните мерки утврдени со законите од областа на ветеринарното законодавство.

Би можело да ве интересира

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра

Миланов унапреди роднината на раководна позиција во АХВ

Казна за операторот со храна по труењето во „Димо Хаџи Димов“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ако не гледаат глувци низ ходниците и бубашваби во јадењето во средношколскиот интернат, тогаш во АХВ има сериозен проблем

Се испитуваат кујните во девет основи училишта во Карпош по труењето во „Димо Хаџи Димов“

АХВ во зимски сон: Бубашваби на менито секој ден за средношколците во интернатот Здравко Цветковски ГУЦ

Предраг Петровиќ