Одличен вкус како старинска мрзлива пита …
Потребно е:
1 кг јаболки
цимет во прав
1 ванилин шеќер
шеќер, количината по желба
за тестото:
2 чаши (од 250 мл) брашно
2 чаши гриз
1 чаша шеќер
1 ванилин шеќер
1 прашок за пециво
прстофат сол
150 гр путер или маргарин
шеќер во прав, за посипување
Подготовка:
– Јаболките излупете ги и изрендајте ги на крупно ренде. Додадете ги шеќерот-по вкус (во зависност колку се кисели јаболките), ванилиниот шеќер и цимет по вкус.
– Во друг сад измешајте ги сите суви состојки: брашното, гризот, шеќерот, ванилиниот шеќер, солта и прашокот за пециво.
– Садот во кој ќе ја печете питата премачкајте го со путер и сипете од тестото. Над тестото сипете еден ред од јаболките. Постапката повторете ја додека ги потрошите сите состојки. На крај треба да завршите со тесто. На тестото ставете парчиња путер.
– Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 40 минути, односно додека да порумени.
– Печената пита оставете ја малку да се излади, исечете ја на парчиња, посипете со шеќер во прав и послужете.