Едноставно јадење со пилешко, праз и кашкавал, готово за само 30 минути …
Потребно е:
4 парчиња пилешки гради
2 страка праз
1 лажица маслиново масло
25 гр путер
2 лажици брашно
300 мл млеко
100 гр изрендан топлив кашкавал (ајдамер, гауда …)
сол, бибер
Подготовка:
– Месото измијте го и исушете го. Потоа исечете го на коцки и пропржете го на масло околу 5 минути.
– Празот исчистете го, исечете го на тркалца и додадете го кај месото. Поклопете го садот и динстајте 10-тина минути со повремено мешање. Додадете сол и бибер по вкус.
– Направете го бешамел сосот. Во сад на рингла растопете го путерот, додадете го брашното и пропржете го со постојано мешање околу 1 минута. Сипете го млекото и варете со постојано мешање додека да се згусне. На крај додадете половина од изренданиот кашкавал, сол и бибер и мешајте додека да се растопи кашкавалот. Оставете да се излади.
– Тава за печење премачкајте ја со путер. На дното на тавата распоредете ја смесата со пилешко и праз. Прелијте со подготвениот бешамел сос и посипете со остатокот од кашкавалот.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 15 минути, додека да се растопи кашкавалот и да добие убава златно-кафена боја.
– Готовото јадење извадете го од рерна и оставете малку да се излади. Сервирајте го со салата или варен зеленчук.