Едно лице го загуби животот, а седум се повреди, од кои три потешко, во експлозија која што се случи вчера во стамбена зграда во Брисел. Според првичните информации експлозијата се случила поради истекување на гас.
„Вчера попладне жителите од две згради биле жртви на експлозија по која што избувна пожар“ известуваат бриселските власти.
Според извештајот седум лица биле примени во две болници, а три лица биле потешко повредени. Едно двегодишно дете и еден петнаесетгодишник биле потешко повредени.
Во текот на вечерта во рушевините било пронајдено и тело на машко лице, кое се уште не е идентификувано.
Началникот на општината во која што се случила несреќата, Шарл Пике за белгиските медиуми потенцираше дека најверојатно станува збор за истекување на плин.