„Градот Скопје реагира на невистините и манипулациите изнесени од страна на директорот на ПОЦ и претседател на ОО СДСМ –Центар, Саша Богдановиќ, околу изградбата пристапна улица со посебен сообраќаен режим на Кеј 13 Ноември.
За жал, оваа тема веќе подолг период се злоупотребува од страна на одредени институции, политичари и политички партии, кои се обидуваат да ги извртуваат фактите и се обидуваат да ја манипулираат јавноста за дневно политички цели.
Градот Скопје сака да ја информира јавноста дека изградбата на оваа пристапна улица со посебен сообраќаен режим е предвидена со Детален урбанистички план донесен од Општина Центар, а истата ја гради приватен инвеститор.
Повторуваме, Град Скопје не е институцијата која ја има вцртано оваа улица и Град Скопје не е таа која ќе ја гради.
Градот Скопје, врз основа на валиден документ, детален урбанистички план, кој е донесен од страна на Општина Центар, е законски обврзан да издаде градежна дозвола за тоа.
Доколку не го стори тоа, Градот Скопје може да биде тужен од страна на инвеститорот и да сноси финансиски последици.
СДСМ и нивните коалициони партнери ја имаат власта во Општина Центар, преку контрола на Советот на општина Центар и градоначалникот Жерновски. Наместо да се обидуваат со лаги и селективно интерпретирање на фактите да ја манипулираат јавноста, како и бегање од било каква одговорност и надлежност (нешто што за жал Општина Центар изминативе неколку години го прави на повеќе наврати), а доколку сакале изминативе 4 години можеле да го променат соодветниот детален урбанистички план.
Градот Скопје нема надлежност да носи детални урбанистички планови, тоа го прават општините, но ние како институција сме обврзани да работиме согласно истите. Исто така, сакаме да потенцираме дека Градот Скопје нема никаква надлежност врз градежната инспекција“ се вели во соопштението на Град Скопје.