Уникаха прв финалист во кошаркарскиот Еврокуп

Од:

Шпанската екипа Уникаха е првата која обезбеди пласман во финалето на второто по квалитет европско клупско кошаркарско натпреварување Еврокупот.

Уникаха и во вториот (реванш) натпревар од полуфиналето одигран синоќа во Малага, ја победи руската екипа Локомотив Кубан со 79-66 откако претходно славеше и на гостувањето во Русија со 73:57, па со 2-0 во победи се пласира во финалето.

Кој ќе биде противник на Уникаха ќе се знае на 22 март за кога е закажан третиот дуел меѓу Валенсија и Хапоел Ерусалим. Израелската екипа се избори за мајсторката со победата пред својата публика со 79:66, со што го израмни резултатот на 1-1 во победи.

Финалната серија во кошаркарскиот Еврокуп ќе се игра од 28 март до 5 април, а победник ќе биде екипата која ќе забележи две победи.

Би можело да ве интересира

Мечевите од еврокуповите во Скопје ќе се играат со 30 отсто публика на „Тоше Проески“

Жарко Настоски

Еврокуп најави одложување на три натпревари од 6. коло

Ана Ололовска

Познати сите учесници во Еврокупот

Ана Ололовска

Карпош Соколи ги доби противниците во Еврокупот

Ана Ололовска

Уникаха го освои Еврокупот

Наум Локоски

Валенсија и Уникаха во дуел за трофејот во Еврокупот

Наум Локоски