ВМРО-ДПМНЕ: Доколку Заев смета дека платформата треба да се прифати, нека ги вклучи тие елементи во програма на избори

Од:

„Регионалните министерства тука во Струга нема да имаат вработени 20% Албанци или 10% или ниту еден, туку 65% ќе бидат Албанци, Македонците ќе излезат како технолошки вишок затоа што ги имаат зафатено нашите места. Ова е изјава од изборен митинг на Зијадин Села, човекот од кого ќе зависи идното Парламентарно мнозинство на СДСМ во Парламентот.

Ова е агендата што ќе ја реализира Села доколку дојде на власт.

Заев избира меѓу интересите на мнозинството Македонци и ваквите намери на Села кој од позиција во Влада сите Македонци во Струга сака да ги избрка од работа и да ги прогласи за технолошки вишок.

Истиот тој Зијадин Села отворено го негира и македонскиот идентитет и вели дека пред 100 години не постоеле Македонци.

Истиот тој Зијадин Села јавно кажа дека не го признава македонското знаме и химна и истите планира да ги смени.

Веќе подолг период СДСМ и аболицираниот Зоран Заев молчат и не излегуваат со одбивање на Тиранската Платформа. Тие се подготвени да предводат Тиранска Влада базирана на темели на Платформа формирана во странска држава под диктат на странски премиер.

Човекот кој што без срам ја отвори вратата за дебатирање и оспорување на македонскиот идентитет, како и федерализација на Република Македонија е аболицираниот Зоран Заев.

Дебатата започна да се реализира на дело.

Питер Ванхауте, човекот кој што го навредуваше и потценуваше македонскиот народ, под маската на дипломат, отворено зборуваше за редефинирање на Република Македонија.

Албанската пратеничка, Месила Дода јавно пред сите се закани дека доколку Заев отстапи од платформата, тогаш сите Албанци ќе се ангажираат околу остварување на сонот за Илирида.

Зоран Заев и СДСМ ниту еднаш не ги осудија овие изјави, молчеа и сеуште молчат. Исто како што не ги осудија и изјавите на Трифун Костовски кој што им го одзеде правото на Македонците по потекло од Егејска Македонија да се изјаснуваат околу иднината на земјава.

Граѓаните на Република Македонија се загрижени. Граѓаните можат да претпостават дека оваа дебата, односно пазарење со националните и државни интереси, ќе заврши со редефинирање на државата.

Затоа, ВМРО-ДПМНЕ останува на својата принципиелна понуда. Доколку СДСМ се откаже од Тиранската Платформа и реализацијата на елементите содржани во неа, ќе му даде поддршка на СДСМ и Зоран Заев да формираат влада.

Доколку пак Зоран Заев се уште смета дека елементите од Тиранската Платформа треба да се прифатат, тогаш за да не ги измами граѓаните, нека прифати парламентарни избори заедно со локални и нека ги вклучи елементите од Платформата во својата Програма“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје