Обвинителството во Јужна Кореја покрена обвиненија против двајца американски војници за криумчарење на 5 килограми метамфетамин.
Војниците дрогата ја прошверцувале преку воената пошта, а покрај тие двајца за криумчарење се обвинети и уште двајца јужнокорејци.
Како што објавуваат американските медиуми, двајцата обвинети војници имаат по 19. години и се членови на Втората Пешадиска дивизија, а во текот на испитувањата и двајцата тврделе дека се невини.
Дрогата била откриена во кутии од корнфлекс, а според наводите на обвинителството војниците им платиле на двајца Јужнокорејци за дрогата да ја дистрибуираат помеѓу локалното население.
Ова е досега најголема заплена на дрога која што е прокриумчарена преку поштата на американската војска. Запленетата дрога на нелегалниот пазар вреди околу 12 милиони долари, а колочината е доволна за приближно 130.000 луѓе.
Јужнокорејското обвинителство во соопштението наведе дека за оваа акција соработувале со американската војска и со американската агенција за сузбивање на дроги (DEA).